Неизвесна е судбината на СЈО

Објавил: Узунов Бобан | 10 септември, 2019 12:59

СЈО: Неизвесна е судбината на вработени и материјалите !

Фото/Текст извор: ©магазин

Од специјалното јавно обвинителство (СЈО) информираат дека сè уште немаат добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство врз основа на кое би можеле да објаснат дали и како ќе се постапува со предметите на СЈО.

„Сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Јанева, ниту, пак, е донесено ново законско решение со коешто ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство“, се наведува во соопштението на СЈО во кое се додава дека мандатот на ова обвинителство е до 15  септември 2020 година, до кога ќе продолжат работниот однос на вработените и тековните обврски.

Од таму сметаат дека на вработените во институцијата им се закануваат проблеми во однос на работниот однос, а постои и опасност во однос на материјалите со кои располага обвинителство.

„Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага обвинителството“, се посочува во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

„Прости ми“, „простено да ти е- во недела е Прочка- ова се обичаите за големиот празник

Во недела е големиот христијански празник Прочка или Велики поклади — ден...