СЈО како спрега на СДСМ со нови предмети кои треба да потсетат кој е власт во земјата, па ги сомничи во засебни предмети Али Ахмети, Антонијо Милошоски, Томе Аџиев и Срѓан Керим

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 12:31

СЈО прати порака, ќе се гласа за Договорот или ќе се “дружиш” со Никола

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По првите пресуди кои и формално се стапени на сила, СЈО подготвува терен за СДСМ да реализира успешни уставни измени во Собранието а да избегне предвремени избори за пратеници.

По потврдата на одлуката на Кривичниот суд од Скопје, според која и Апелациониот суд смета дека поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски ќе одлежи казна затвор од две години, затоа што ништо не украл, станува јасно дека Специјалното Јавно обвинителство реагира по директиви кои се далеку од судската власт а блиски до партиските политики.

Имено одлуката на Скопска Апелација беше очекувана, иако е симптоматично што казната затвор за прво осомничениот е намалена за 2 години додека онаа за Груевски само е потврдена. Во понеделник својот дел, се поизведно казна затвор ќе ја слушне и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Она што е јасно е дека СЈО предметите ги формира зависно од политичката ситуација во земјата а ги активира во моменти кои немаат врска со закажани рочишта или судски рокови.

Така беше повеќе битно да се осуди Никола Груевски пред референдумот а одлуката да му се потврди сега евентуалното гласање за уставни промени или нови превремени избори за пратеници.

Како народот би бил мирен, паралелно се форсираат и маратонските рочишта за инцидентот во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година со што се става до јавно знаење дека учество на протести или демонстрации така лесно се граничи со тероризам и терористичко здружување.

Она што е најново од СЈО е пораката која им стигна на четири ново осомничени. Имено СЈО ги приврши четири истраги, кои за неколку месеци би можеле да резултираат со нови обвиненија.

Таргет засега се триесетина осомничени, од кои поголемиот дел за првпат се соочиле со обвинителите од СЈО. Меѓу нив се Али Ахмети, Антонијо Милошоски, Томе Аџиев и Срѓан Керим.

Со ова очигледна е спрегата СДСМ и СЈО затоа што ова е прво обвинение против Ахмети кој во последно време не игра по барањата на СДСМ и ДУИ која манифестираше недоволна излезеност на албанскиот етникум на референдумот.

Милошоски беше единствениот пратеник од 120 члениот законодавен дом кој од потпишувањето на Договорот од Преспа ја реализираше агендата за бојкот на референдумот.

Според дел од аналитичарите улогите на Аџиев ќе се со цел да се прокламира ВМРО – ДПМНЕ како партија која водела прогон на неистомисленици, додека Срѓан Керим ќе треба да се врати во “нормала” и да ја поддржи финансиски претседателската кампања за изборите на пролет 2019 година, со кандидати како Денко Малески или Теута Арифи.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...

Мицкоски ја потврди поднесената интерпелација за гласање недоверба за шефот на дипломатијата на нацијата со "комплекс" Никола Димитров во законодавниот дом

Мицкоски: Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека во македонското Собрание...

Апсурд е што не постои Договор туку спогодба помеѓу два министри која во моментот апсолутно нема никаква правна тежина затоа што е ратификувана само од Македонија

Не е шега, Заев и Ципрас номинирани за Нобелова за мир

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинирани за Нобеловата...

Саливен ги поттикна пратениците да гласаат за Преспанскиот, немале друга алтернатива, ја обвини Русија за мешање на Балканот но и во САД, на оние избори на кои тепа неговиот шеф

Гостинот од САД го пофали Преспанскиот, ја нападна Русија

Висок функционер на американската администрација, повторно пред финалното гласање...