Зад објавата потпишан е извесен „Илија Громовник“, а разговорите се постирани на мрежата „vk.com“ и на „youtube“.

Објавил: admin@magazin | 19 април, 2019 15:11

СЈО, ЈО и МВР го истражуваат објавувањето на новите „бомби“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Специјалното и редовното Јавно обвинителство отвораат истраги за новите „бомби“ кои вчера одекнаа на руската социјална мрежа „vk.coм“.

„Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана“, соопштуваат од министерството.

Зад објавата потпишан е извесен „Илија Громовник“, а разговорите се постирани на мрежата „vk.com“ и на „youtube“.

Од СЈО велат дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бомби ги имаат во нивните материјали.

По објавувањето на новите шест прислушувани разговори тнр.„бомби“, премиерот Зоран Заев  потврди  дека му се познати и се дел од предадените на СЈО.

На 5 април на трибина во Прилеп јавно беа пуштани две од аудио-снимките, а настанот се пренесуваше во живо на Фејсбук..

На настанот говорник беше Љупчо Палевски, а потоа тој и уште две други лица од Прилеп и од Битола, беа задржани во прилепската полиција, а МВР најави и пријави по расчистувањето на случајот.

Од тоа што го имам слушното, јас  ги немам слушнато искрено кажано, сите разговори, малку ми стана и мачно после толку време.  Тоа што го слушнав, да, е од делот што е предаден во пакетот во СЈО.  Ова само потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што своевремено се правело како неовластено прислушување, изјави Заев.

Премиерот смета дека имаме добри закони и очекува институциите да постапат по нив.Очекува одговори од институциите, пред се’ од Обвинителството и МВР, кое според него, веќе презема мерки.

Знам дека пред некој ден има имаше исто така, емитување на „бомби“, кои допираат и во приватноста. Поднесена е кривична пријава од страна на јавното Обвинтелство, законот јасно определил како се постапува ако се повторуваат делата. За мене е значајно да постапат институциите, рече Заев.

Вчера четири, а денеска уште две „бомби“ нечуени во јавноста се појавија на интернет, поставени од профилот Илија Громовник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Христијан Мицкоски ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија.

Мицкоски на Рикер му ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба во земјава!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со вршителот на должност,...

ВМРО-ДПМНЕ бара темелна истрага за случајот “Рекет“, особено за вмешаноста на Катица Јанева и други обвинители од СЈО

Мицкоски: Нов закон за обвинителство и истрага за обвинителите од СЈО во “Рекет“!

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ предлага закон според кој обвнителите како Катица...