
Живот
Настани
Партиите на владејачката коалиција одговарија на повикот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој побара од нив да ги поддржат кандидатите на оваа партија во вториот круг, објави Алсат!
Од ДУИ, Бујар Османи рече дека ќе го поддржат кандидатот на СДСМ за градот Скопје, Петре Шилегов. Сепак, тој побара поддршка од СДСМ за во Тетово, поддршка што и Движењето БЕСА го бара од социјалдемократите. Османи рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети преговара со повеќе партиски лидери, но без да открие детали.
Апелираме за поддршка на сите граѓани од сите политички партии, го сакам нивниот глас, ја сакаме поддршката од сите, но во контекст на конкретни коалиции ви кажав дека бараме од коалицискиот партнер да ја поддржи нашата платформа и нашиот кандидат во коалиција. (Новинар: И Беса исто така е коалициски партнер). Зборував за СДСМ затоа што БЕСА е кандидат.
Пензионерската партија, исто така, даде директна поддршка на кандидатите на СДСМ. Во писмената изјава од оваа партија, ги повикуваат своите членови да ги поддржат кандидатите на СДСМ во вториот круг.
Демократската лига на Павле Трајанов ги повика членовите на партијата да ги поддржат кандидатите на СДСМ.
Но, ЛДП и Партијата за демократска обнова на Македонија, кои учествуваа заедно на локалните избори, нема да ги повикаат своите гласачи да ги поддржат кандидатите на СДСМ. Маја Морачанин вели дека нивните гласачи треба да гласаат според личното убедување. А Горан Милевски, претседател на ЛПД вели дека и даваат време на Владата да го промени начинот на владеење.
Сите партнери на владејачката коалиција, кои денеска се одзваа на повикот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се изјаснија дека најавите за ново парламентарно мнозинство се невистинити. Тие велат дека сегашното владино мнозинство е стабилно.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.