
Мода
Женска
Првата дама на Америка веќе некое време ја има титулата кралица на елеганцијата.
Меланија Трамп (49) присуствуваше на говорот на нејзиниот сопруг Доналд во Вашингтон и му го врачи Медалот на честа на Руш Лимбо, радио презентер, на кого му беше дијагностициран карцином во подмолна фаза.

Првата дама на Америка имаше посебен стајлинг за овој посебен повод. Со црно елегантно сако на Долче и Габана, го коминираше здолништето со црна боја од истиот познат бренд.
Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за малку завиткана коса, додека дискетната шминка го заокружи овој беспрекорен аутфит.
Меланија Трамп е првата дама на САД. Пред да се омажи за претседателот Доналд Трамп во 2005 година, таа работела како модел.
Родена е во градот Ново Место во Словенија, тогаш позната како Социјалистичка Република Словенија во рамките на Југославија. Таа станала постојан жител на САД во 2001 година, а добила државјанство во 2006 година.
Трамп е првата натурализирана американска граѓанка која станала прва дама, а втора прва дама која е родена во странство, првата е Луиза Адамс која е родена во Лондон.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.