Сакај и бори се за личноста што ја имаш. Од моментот кога ќе се оддалечи никаква промена кај тебе нема да ја врати.

Објавил: admin@magazin | 14 јануари, 2019 19:14

Таа, му подари душа на мојот мртов живот, а јас и го уништив нејзиниот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ова е моја приказна, приказна на еден болен ум, не ми е срам да кажам дека сум луд, луд по неа, полуден од осаменост! 

Таа му даде душа на мојот мртов живот, а јас?, Јас и го уништив нејзиниот.
Таа му даде душа на мојот живот, си ја даде душата за мене, јас и подарив само болка и солзи.
Сега тие се претворија во грутка пепел со која ме мава самотијата. Но, продолжувам да го правам тоа. Не барам и не можете да ме сфатите мене и мојот ум. Тој е болен.

Оболен, поболен. Речиси мртов. Знам дека нема да бидам веќе со неа, но јас морам да бидам во нејзина близина. Моите солзи за неа сега се безвредни. Ми ги враќа сега како остаток, остаток од некупена љубов. Се измачувам самиот, но ја измачувам и неа. Но, тоа е мојот ум, само тогаш е задоволен и смирен мојот ум.

Посетувам психијатар, одам на сеанси кои по зборовите на психијатарот треба да ми помогнат. Што може да му помогне на еден расипан мозок како мојот? Само таа, само нејзината љубов и се што е нејзино. Ете, повторно почна да се сили мојот ум. И, сега кога веќе нема никогаш да ја имам ми преостанува само да се разнесам на делови, да се разнесам себе и својот болен ум. Ќе го разнесам и него, но не можам.

Што и да направам, сега сум кукавица, машка пичка која се умилкува преку солзи. Тоа ме направија моите постапки, мојот идиотизам, мојот болен ум. Ни лудница не е доволна, ни соба со таблети не може да ми помогне да се справам со мојот болен ум.

Таа се обидува да се смири од сите мои срања кои и ги пружив како скршени дијаманти кои и ја распаруваат душата, а јас се обидувам да се смирам без неа. Тоа е мојот ум, тој е смирен кога таа трепери. Така се хранат болните умови, така преживуваат наместо среќно да живеат.

И една порака до секој што го чита ова.

Сакај и бори се за личноста што ја имаш. Од моментот кога ќе се оддалечи никаква промена кај тебе нема да ја врати.

Даниела Ангелова

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поезија

Живеевте многу брзо, се натпреварувавте во сè! Во пари, во деловна активност, во големината на куќите, во длабочините на џепот, во убавината, во модата, во себичноста додека вашите срца полека се замрзнуваа!

МОЌНА ПОРАКА: Не плашете се, не сум ви непријател, јас сум тука да ве предупредам

Дојдов како гласник, дозволете ми да ве спречам! Да ве освестам, да ви ја пробудам свеста....

Замислував свет , не живеев во реалноста, каде парите се она најглавното,арно викаат старите не веруваш се додека не почуствуваш на своја кожа!

Некогаш плачев за љубовта, денес плачам за мојата иднина!

Некогаш плачев за љубовта, денес плачам за мојата иднина! Живеев во свет каде на прво...

Стихозбирката брзо се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнува голем успех.

„Денови ли се – денови, аргатски маки големи“: 80 години од издавањето на „Бели мугри“ на Кочо Рацин

Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб....

Иако приказната е од Русија,пораката погодува директно во срце. Ова не би требало да се игнорира. Иван не смее да се заборави.

Срцето на малечкиот Иван престана да чука: Родителите го убија својот син!

Приказната е за Иван – но не само за него. Тоа е приказна за милиони деца како него,...