Како и за влез во аеродромската зграда, така и за користењето на овој превоз за патници, важат истите правила за заштита од КОВИД-19!

Објавил: Стојче Бушин | 3 јули, 2020 6:53

ТАВ: Повторно во функција организираниот автобуски превоз за вас од Меѓународниот Аеродром до клучни станици во Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Организираниот автобуски превоз за вас од Меѓународниот Аеродром Скопје до клучни станици во градот Скопје, како и во обратната насока, е повторно во функција од 1-ви јули 2020 година, соопштија од меѓународниот аеродром Скопје!

Како и за влез во аеродромската зграда, така и за користењето на овој превоз за патници, важат истите правила за заштита од КОВИД-19:

Организираниот автобуски превоз за вас од Меѓународниот Аеродром Скопје до клучни станици во градот Скопје, како и во обратната насока, е повторно во функција од вчера, 1-ви јули 2020 година, соопштија од меѓународниот аеродром Скопје!

-постојано носење заштитна маска
-дезинфекција на рацете на влез во автобусот
-држење соодветно физичко растојание при седењето во автобусот

Во среда прво слетување направи авионот на Туркиш ерлајнс (7:50h), кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници.

Беше пречекан со авијацискиот поздрав за “добредојде” – воден мост во форма на виножито. Веднаш по него (7:56h) слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника.

На првиот ден од повторното отворање, 1 јули 2020 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници, соопштија од ТАВ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), сите линии од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

ДЕЛ ОД ЛИНИИТЕ УТРЕ ЌЕ СООБРАЌААТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД, ВО ПОНЕДЕЛНИК СИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО ТОЈ РЕЖИМ

Утре, петок (31.07.2020 год) поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите...

Во периодот на вонредна состојба паркинзите функционираа со намален обем на работа, што е случај и кај пајак-службата.

ПАНДЕМИЈАТА СО ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ”

На наредната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува шестмесечниот извештај...

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВИКЕНДОВ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 262 ВОЗИЛА

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ: На граничните премини нема поголеми задржувања!

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, известува...