Тешката сообраќајна несреќа се случи утрово кај местото Барлово, кога се судрија автобус и камион со приколка.
Синиша Мијаиловиќ, Добрила Радовановиќ, Зихнија Кошута и Јелица Радовиќ ги изгубија своите животи во стравичната сообраќајна несреќа, која се случи утринава околу 6:45 минути, на патот Куршумлија – Прокупје.
Во сообраќајната несреќа загина возачот на автобусот Синиша Мијаиловиќ, возачот на камионот Зихнија Кошута, како и три патници, од кои 2 се медицински сестри, а 6 повредени патници се итно хоспитализирани во најблиската болница.
Мијаиловиќ имаше 52 години, а живееше во Петрковац во општината Ражанј, Зихнија Кошута (32) е од Тутин, а останатите патници Ирена Весовиќ, Добрила Радовановиќ и Јелица Радовиќ, живееле во Куршумлија.
Кошута зад себе остави сопруга и две деца, а на Фејсбук најчесто објавувал фотографии од камиони и ситуации од гранични премини.
Ирена Весовиќ загина дирекно на местото од несреќата, а нејзиното јагленисано тело пожарникарите го пронајдоа во автобусот. Ирена беше мајка на две деца и работеше како медицинска сестра.
Исто така нејзината колешка Добрила Радовановиќ, медицинска сестра од Прокупје, не го преживеа овој стравичен судар. Таа последните воздишки ги остави во Ургентниот центар, каде е примена со многу озбилни повреди.
На патот Куршумлија – Прокупје кај селото Барлово во општина Куршумлија, утринава околу 6.45 се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу автобус и камион со приколка.
Спрема првичните информации се работи за директен судар помеѓу автобус од компанијата Ниш Експрес и камион со приколка. Автобусот возел во правец спрема Прокупје и во еден момент преминал на спротивната страна на коловозот и дирекно се судрил со камион.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.