Деветгодишната ќерка Хана, починала по неколкумесечна борба со рак на коските.

Објавил: Валерија Петрова | 30 август, 2019 14:53

ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ: Почина 9-годишната ќерка на Луис Енрике

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тага и болка во фудналскиот свет откако одекна веста за смртта на ќерката на поранешниот тренер на Барселона и некогашен селектор на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике.

Енрике често знаеше да ја носи својата ќеркичка за време на натпреварите и беше вистинска атракцција.

Голема трагедија во сеемсјтвото на Луис Енрике

На 26 март оваа година Енрике од непознати причини се повлече од местото селектор на Шпанија, пред натпреварот со Малта. Се утврди дека тоа разделување всушност било почеток на големата борба на Енрике за своето дете, кое за жал почина вчера вечерта.

Деветгодишната ќерка Хана, починала по неколкумесечна борба со рак на коските.

-Нашата ќерка Хана почина ова попладне во 9 година по петмесечна интензивна борба со тумор. Благодарни сме им на сите кои изминатиот период се грижеа за дискрецијата и имаа разбирање за нашата борба. Им благодарам на докторите и сестрите, но и на сите свештени лица кои се молеа за неа, стои во соопштението кое Енрике го испратил до шпанските медиуми.

Пораки со сочуство и неверување пристигнаа од многу фудбалери сегашни и поранешни.

„Моето сочувство до Луис Енрике и неговото семејство во ова најтешко време. Ние сме со вас“, напиша Лионел Меси на Инстаграм.

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос исто така не остана рамнодушен.

„Целата наша поддршка и љубов се за вас и вашето семејство. Нема зборови за утеха, но ние секогаш ќе бидеме тука за вас“, напиша Рамос.

Пораки напишаа и Алваро Мората, Гаиска Мендиета, Давид Силва, Серхио Бускетс, Жерард Пике, дури и францускиот клуб Ница се приклучи на бесконечниот список.

„Искажуваме искрено сочувство на Луис Енрике и неговото семејство. Сите наши мисли се насочени кон нив“, напиша во официјалниот профил на Твитер.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Инцидентот, според информации од Пиринеите, се случил претпладнево на пат што од неговиот роден град Утрера до главниот град на шпанската покраина Андалузија.

ЗАГИНА СЛАВНИОТ ШПАНСКИ ФУДБАЛЕР, ХОЗЕ АНТОНИО РЕЈЕС(35)

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Шпанија и на Реал Мадрид, Хозе Антонио...

Дебито за Црвена ѕвезда го имал на 16-годишна возраст, а една година подоцна дебитирал и за репрезентацијата на Југославија.

Почина легендата на екс -ју фудбалот Драгослав Шекуларац Шеки!

Денеска на 81 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Црвена Ѕвезда и југословенскиот...