
Свет
Балкан
На погребот на великанот на народната музика Шабан Шаулиќ се појави и Роберт, кој стоеше немо пред капелата. Роберт тагуваше за свотјо татко помеѓу масата на луѓе, реки од народ од цел Балкан, кој беше дојден да му оддаде почит на великанот Шабан Шаулиќ .

Во стравична несреќа која се случи на 17 февруари 2019 во раните утрински часови во Германија, настрада познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ. Зад воланот управувал неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ, кој за жал исто така им подлегна на повредите.
Неговите пријатели се простуваат од него на друштвените мрежи, па покрај фотографиите оставаа и потресни пораки.
Во капелата потресен говор со солзи во очите држеше и Зорица Брунслик неговата кума. » Ми велеше, кумо ајде да одпееме една од нашите песни од широкиот репертоар рече Зорица, а сега кумме. сега куме со кого да ги пеам јас нашите песни говореше Зорица целата во солзи.
Сите се обидуваа да дојдат до гробот на Шабан, а Гоца неговата сопруга видно вознемирена и тажна го допре Шабановиот сандук кој после го спуштијиа во земја. Почна да се свири и песната „Не плачи душо„ а последната желба од Шабан била токму таа песна да му ја отсвири Мирко Кодич кога еден ден же умре.
Михајло и неговата вереница ја држеа Гоца да не падне бидејќи била во многу лоша состојба и истоштена од несреќата што ја снајде.

Со солзи во олите беа и многу од присутните и многумина од нив се во неверување дека замина кралот на народната музика на само 67 години. Потресени се и многу музички звезди, дојде и Дарко Лазиќ кој пред извесно време беше самиот на ивицата на смрта, Аца Лукас беше исто на погребот на великанот.
Шабан Шаулиќ нема да остане во сеќавање само по неговиот ангелски глас, Шабан ќе осане запамтен и по неговта добрина и смиреност а со тоа покажуваше колку е голем човек.
Шабан Шаулиќ загина во Германија во неделата наутро на 67 годишна возраст, а неговите обожаватели и понатаму се во неверување за смртта на легендарниот пејач.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.