Тој беше примен на Клиниката за инфективни болести пред 3 дена каде се борел со воспаление на белите дробови.

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2021 17:51

ТАГУВА ЦЕЛА ЈУГОСЛАВИЈА: Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на 67-годишна возраст почина големиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Тој беше примен на Клиниката за инфективни болести пред 3 дена каде се борел со воспаление на белите дробови.

Попладнево неговата состојба дополнително се влошила заради претходните хронични здравствени проблеми.

Ѓорѓе Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Го напуштил средното училиште во трети клас , па ги полагал испитите вонредно. Тој се запишал на географија, бидејќи, според негово мислење, немало математика на приемните испити. Неговата основна амбиција во средно училиште била да стане фудбалер.

Кога лежел болен како 17-годишник, појавата на мува во собата го инспирирала да ја напише својата прва песна „Од каде мушичка“. Потоа започнал да пишува препеви на странски хитови за шоуто „Музички клуб“, и со пријател кој бил добар со гитара, започнал да свири. Во 1977 година, тој се приклучува на акустичната група Жетва, со која го снима факултативното танго „У раздељак те jубим“ во октомври истата година. Песната се здоби со огромна популарност преку ноќ, па синглот се продаде во 180.000 примероци.

На почетокот на 1978 година, Балашевиќ ја напуштил Жетва и го основал Рани Мраз со Верица Тодоровиќ. Бидејќи не се разделиле како пријатели, тој ја именувал новата група инспирирана од сибирска поговорка: „Ако се надеваш на добра жетва, пази се од раниот мраз“.

Со песната „Мојата прва љубов“, Рани Мраз учествувал на фестивалот „Опатија 78.“ Многу музичари поминале низ Рани Мраз, а некое време гитара свирел и фудбалерот Слободан Павковиќ. Во текот на 1978 година, тие издадоа серија хит синглови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Како новинар, известувал од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, од ирачко-иранската војна, за време на војните во поранешна Југославија.

Почина Мирослав Лазански, амбасадор на Србија во Русија

Српскиот аналитичар, писател, новинар и воено политички коментатор, Мирослав Лазански,...

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ

Градоначалникот Петре Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан...