Таа беше пратеничка во македонското Собрание, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Весна Петровска | 7 мај, 2019 13:33

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Благородна Дулиќ – поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Поранешната пратеничка во македоското собрание Благородна Дулиќ почина денеска, дознава Курир.

Таа беше пратеничка во македонското Собрание, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Опелото ќе се одржи утре, со почеток од 12:30 часот во капелата на гробиштата во општина Бутел.

Родена е на 18.04.1941 година во Кочани.

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 18.4.1941 година во Кочани. Македонка. Правен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Активности во Собранието кои таа досега ги има извршувано

Законодавно-правна комисија, претседател

Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-претседател

Комисија за уставни прашања,член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam