Трагедија во Македонија, момчето за кое се сплотија сите граѓани нажалост почина денес. За жал Тоше не успе да ја победи тешката болест, и ја загуби последната битка.
Не успеавме да ја добиеме битката во име на Тоше. Младото момче почина.
Цела Македонија беше сплотена за помош на младиот Тоше, немаше некој хуман човек кој не ја сподели објавата со Апел за помош. За Тоше беа објавувани голем број на апели но за жал, неговата битка сите ја загубивме.
Редакцијата на Магазин, изразува најискрено сочувство до неговото семејство и пријателите.
Ова е тажен момент како за семејството, така и за блиските пријатели на Тоше кои се простуваат од него на социјалните мрежи.
Инаку Тоше Илиевски од Скопје боледуваше од Non- Hodgkin’s lymphoma, или карцином на лимфни жлезди и му беа потребни доброволци со крвна груба 0+ (нулта позитив) за дарување на тромбоцити. Тоше Илиевски, имаше само 30 години и водеше голема битка со, кобната болест, карцином на лимфните јазли. По испитувањата и лекувањата во клиниката “Жан Митрев” , “Ремедика” и Клиниката за хематологија, од каде не се добива посакуваниот ефект, освен крв на Тоше му беа потребни и парични средства, бидејќи единствена надеж за лекување беше во Турција. Но за жал Тоше не успеа да се избори, со последната битка.
ПОЧИВАЈ ВО МИР ТОШЕ!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.