Тој беше автор на многу објекти во државата и странство. Меѓу неговите најпознати дела се Милениумскиот крст на Водно, новиот театар и преку 550 други објекти во Македонија и светот.

Објавил: Валерија Петрова | 12 јуни, 2019 12:45

Тажна вест: Почина познатиот македонски архитект

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тажна вест ја потресе македонската јавност.

Почина еден од најпознатите македонски архитекти, Јован Стефановски – Жан.

Тој беше автор на многу објекти во државата и странство. Меѓу неговите најпознати дела се Милениумскиот крст на Водно, новиот театар и преку 550 други објекти во Македонија и светот.
За неговата исклучителна работа говорат и многубројните награди кои ги има добиено во Македонија, но и надвор од неа.

Јован Жан дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1973). Се занимаваше со архитектонско проектирање. Реализирал повеќе објекти од општествен, трговски и угостителски карактер. Посебно внимание посветил на станбената архитектура. Работел во повеќе проектантски бироа и во сопствено проектантско студио „Еуроарт“ во Скопје. Се занимавал и со публицистика. Објавил преку 60 написи посветени на архитектурата. Позначајни реализации: Банката во Пробиштип (1986), Домот на занаетчиите во Старата чаршија во Скопје (1990), Деловниот дистрибутивен центар „Машинопромет“ во Скопје (1990), фабричкиот комплекс „Иноспектар“ во Скопје (1998) и повеќе индивидуални куќи во Скопје. Кр. Т. Јово Стефановски, Јово Ангелов

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

По мисата, мајката на Пино ќе му подготви последно ЗБОГУМ во Италија каде ќе биде испратен од своето блиско семејство и пријателите до неговиот вечен дом.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: По мисата во Скопје во недела, Пино ќе биде погребан во вечниот дом во Италија!

Да се присетиме на веселото момче Пино и преку молитва да му го осветлиме патот кон...

Основното јавно обвинителство информираа дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

Завчера добил решение за автопатска полиција а денес е веќе мртов! ПОЧИВАЈ ВО МИР!

Сефет Бајрами, беше еден од двајцата повредени полицајци во сообраќајката која се...

Кирил Ценевски по многу параметри е единствена појава во македонската кинематографија. Контроверзноста слободно може да фигурира како негово средно име. Уште со првиот филм, ЦРНО СЕМЕ, ги освои не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски филмски режисер

Денес (17 јуни 2019 година) во Скопје на 76-годишна возраст почина филмскиот режисер Кирил...