Во 1989 година Булатовиќ беше избран за претседател на Претседателството на СК Црна Гора, а претседател на државата стана на првите повеќепартиски избори во 1990 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јуни, 2019 19:43

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Поранешниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ, денеска почина на 63-годишна возраст.

Како што пишуваат црногорските медиуми, најверојатно причината за смртта на 63-годишниот Булатовиќ е срцев удар. Од политиката се повлече во 2001 година.

По осум години на чело на републиката и судир на врвот на Демократската партија на социјалистите, чиј претседател беше во основањето, Булатовиќ загуби на претседателските избори од неговиот поранешен соработник и премиер, Мило Ѓукановиќ

Тој беше еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ, лидер на Црногорската Демократска Партија на Социјалистите од 1989 до 1997 година. Момир се повлече по конфликтот со Мило Ѓукановиќ, поранешниот премиер и претседател на Црна Гора.

Булатовиќ беше претседател на Црна Гора од 1990 до 1998 година и претседател на Сојузната влада на Сојузна Република Југославија од 1998 до 2000 година.

Во 1989 година Булатовиќ беше избран за претседател на Претседателството на СК Црна Гора, а претседател на државата стана на првите повеќепартиски избори во 1990 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Премиерот Киријакос Мицотакис му оддаде почит на Кремастинос, изјавувајќи дека светот на науката и политиката го изгуби водечкиот член.

ПОЗНАТ ЛЕКАР ОД ГРЦИЈА ПОЧИНА ОД КОРОНА: Поранешниот министер за здравје ја изгуби битката со корона вирусот!

Заменик-претседателот на парламентот и поранешен грчки министер за здравство Димитрис...

Од 16 јули 1979 година Хусеин ги презема функциите претседател и премиер на Ирак, а во август истата година издава наредба за егзекуција на околу 400 членови на БААС.

Садам Хусеин беше осуден на смрт со бесење: На денешен ден е роден човекот кој беше страв и трепет за светот!

Садам Хусеин е роден на 28 април 1937 година во сунитско семејство во селото Уџе, во близина...

После еден месец борба против новиот вирус корона, почина доктор Драган Војводиќ, специјалист на интерна медицина, специјалист нефролог.

Почина Доктор Драган Војводиќ: Се бореше со КОРОНА ВИРУСОТ, но не издржа!

После еден месец борба против новиот вирус корона, почина доктор Драган Војводиќ, специјалист...