
Македонија
Вести
Според, информации од комплексот клиники “Мајка Тереза” за жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17 годишниот пациент, кој на клиниката беше донесен со изгореници и тешки телесни повреди.
Детето од Волково го фати струен удар, кога пред три дена во скопската општина Кисела вода се качи на вагон цистерна кој се запалил, по што веднаш беше пренесено на клиника.
„Пациентот беше примен преку Ургентниот центар, во четвртокот попладне, а третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и од торакална хирургија во единицата на интензивна нега, а во комуникација со реномирани странски центри од соодветната област, земајќи ги во предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба“, соопшти Клиничкиот центар.
На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар. Од Министерството за внатрешни работи за случајот појаснија дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар.
Ова е втор ваков случај во кој малолетник завршува трагично. Пред две години 14 годишна девојка од Илинден исто така го загуби животот снимајќи тик ток видео качена на вагон.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.