Старт 60 денари, километар 35 денари – таксистите во Скопје бараат поскапување на такси-услугите

Објавил: Калина Мартинска | 14 ноември, 2024 10:07

Такси превозот може да поскапи за 20 проценти

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Таксистите во Скопје бараат зголемување на цените на такси-услугите. Според нив, стартот треба да изнесува 60 денари, а за секој изминат километар треба да се наплаќа по 35 денари. За чекање во место тарифата, според нив, треба да изнесува 480 денари за час.

Тие истакнуваат дека сегашниот ценовник не се менувал 11 години, што веќе не е одржливо поради зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување на возилата. Додаваат и дека покачувањето е неопходно за да можат да го покријат растечкото оптоварување и да продолжат да работат во услови на инфлација.

Доколку предложените промени бидат прифатени, цените на такси-услугите во Скопје ќе пораснат за околу 20%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.