Додека се чека консензус за членови на ДИК, Собранието ќе гласа измени на Изборниот законик?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 јули, 2018 13:15

Талат Џафери полека но сигурно го “чисти” патот до нови избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Талат Џафери штотуку ги информираше пратеници на Собранието на Република Македонија дека им е испратен Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик на Република Македонија и тоа по скратена постапка со што додека се чека консензус за избор на нови членови на Државната изборна комисија – Собранието ќе гласа за законски измени за промена на потребниот број гласови за нивно именување. 

Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик на Република Македонија воглавно ќе се однесува на начинот на избор – именување на членови на Државната изборна комисија на Република Македонија за што е предвидено истите да се гласаат со просто мнозинство т.е. 61 пратеник.

Ова ќе биде можно и со тоа што СДСМ и ДУИ ќе го искористат Европското знаменце со што повторно ќе го прекршат Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија по што се очекува да се укине досегашното потребно 2/3 мнозинство што пак е очигледен пример за маргинализирање на опозицијата иако и ДУИ а особено СДСМ и Заев јавно се залагаа за професионалност – транспарентност и партиска непристрасност кон власта на Државната изборна комисија на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика