Според Закон, за претседател на Републиката во прв круг е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број запишани во Избирачки список 1.806.336 гласачи.

Објавил: Македонка Димкин | 26 декември, 2018 14:48

Талат Џафери ќе и пресуди на Македонија ако народот не излезе на претседателските избори!

Фото/Текст извор: ©сакам да кажам / онлине / магазин

Власта е спремна на сé па дури и да предложи уставни измени со кои, таканаречениот консензуален претседател би се бирал во Македонското Собрание а не на непосредни избори како до сега, се само со цел,  да се ослободи патот кон НАТО и ЕУ.

И порталот сакамкажам.мк со слична теза дека Владата би предложила уставни измени со кои претседател на државата би се бирал во Собранието, а не на непосредни избори како досега во случај ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поттикнат бојкот на претседателските избори, без разлика дали повикот би бил директен или индиректен, како што беше за време на референдумот на 30 септември и ако тоа предизвика да нема цензус за избор на избор на претседател на државата, велат извори од Владата.

19.Јуни,2018 Собрание на Република Македонија. На дневен ред носењето на противуставниот закон за албанскиот јазик. Бегалецот Груевски демонстрира храброст, со чаша вода го полива работно место на екс дезертерот од Армијата на Република Македонија

На кому му одговара да не се дојде до цензунс на претседателските избори? И дали е тогаш логично прашањето,  власта намерно и свесно да ги лансира информациите во јавноста дека повторно Мицковски ќе е крив за некаков си неуспех на изборите, само за повторно да се промени уставот за еднаш за секогаш да се занемари правото на глас на народот ,правото на избор на претседател на Републиката на непосредни избори?  Нашите извори пак го зборуваат токму спротивното, Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се спремаат наголемо за претседателските избори и уште сега се сигурни дека катастрофално ќе ја поразат сега актуелната расипничка власт.

Во случај да не се постигне цензус кој сега е сведен ан 40 %, според Уставот до следниот избор на претседател на државата, вршител на должноста претседател ќе биде токму некогашниот бегалец од Армијата на Република Македонија „нелегитимно избраниот претседател„  на Собранието Талат Џафери. Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери веќе во јавноста излезе со соопштение дека на втори или трети февруари во наредната 2019 година ќе ги распише претседателските избори, кои  ќе се одржат најверојатно кон крајот на март, или почетокот на април 2019

За да бидат успешни претседателските избори, треба да излезат во втор круг околу 720 илјади гласачи, или 40 отсто од вкупните гласачи запишани во избирачкиот список.

Според Закон, за претседател на Републиката во прв круг е избран кандидатот, кој добил мнозинство гласови од вкупниот број запишани во Избирачки список 1.806.336 гласачи.

Токму нелегалниот избор на Талат Џафери ја прелеа чашата и го испровоцира народот кој повеќе од 80 дена мирно и достоинствено протестираше против намерата на власта насила да го промени името и идентитетот на македонците!

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.
За претседател е избран »кандидатот« кој добил мнозинство гласови, од избирачите кога гласале повеќе од 40 отсто избирачи, односно доколку е постигнат одредениот цензус 40 % плус еден гласач.
Токму поради цензусот кој за референдумот беше 50% плус еден гласач , референдумот за промена на името не успеа. На референдумот гласаа вкупно 666.743 граѓани или 36,91 % од запишаните 1.806.336 гласачи на Избирачкиот список.
На претседателските избори пак кои се одржаа на 13 и 27 април 2014 година, победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов. Тој во вториот круг доби 534.910 гласови, а противкандидатот од СДСМ, Стево Пендаровски, 398.077 гласови.

Деновиве во јавноста излезе и Радмила Шеќеринска која се закани дека власта може уште веднаш да му нарави ипичмент на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов но не сакаат да трошат време за неважен човек.

Изборот на Талат Џафери беше од почеток до самиот крај, нелегален. Досега не е покренато никакво обвинение и се има впечатокот дека Џафери работи се свесно бидејќи знае дека е заштитена мечка однадвор

Ставот 2 на чл.86 кој е дополнет со точка 1 на Амандманот XIII вели:  Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

Според тоа Шекеринска знае дека сепак уставниот суд е тој кој што ја носи конечната одлука а не 80 те пратеници заедно со „изнајмените„ пратеници

Во уставот сега стои: Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести