Тамара ја претставуваше земјава на Евровизија во Белград, заедно со Адријан Гаџа и Врчак, во 2008 година. Тогаш не се пласираа во финалето.

Објавил: Сара Фемина | 26 јануари, 2019 10:32

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Поп пејачката Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019, која ќе се случува од14-ти до 18-ти мај во Тел Авив, Израел, информира МРТ.

Почнале да се компонираат песни за Евровизија, а најдобрата со која Тодевска ќе настапи во Израел ќе била избрана од неа и од тимот на МРТ.

-Нека ни е со среќа, многу сум возбудена – порача таа на социјалните мрежи.

Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Евровизија во Белград, заедно со Адријан Гаџа и Врчак, во 2008 година но тогаш не се пласираа во финалето. Таа беше придружен вокал на Тоше Проески на Евровизијата во Турција во 2004 година, но исто така и во 2014 година, кога наш претставник во Данска беше нејзината сестра Тијана.

Македонија веќе со години наназад нема добри резултати на Евровизија. Од како почнавме да учествуваме на Евровизија, од 1998 година, редовно влегувавме во финале, но секогаш бевме без висок пласман.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

„Скопскиот џез фестивал“ и „Офф фест“ не се согласија со доделените сретства и по ревидирањето на годишната програма на Министерството за култура

Белопета: Наместо да испраќаме соопштенија за програма и организација, подготвуваме жалби!

Скопскиот џез фестивал објави статус кој го пренесуваме во целост: Во ревидираната...