
Живот
Култура
НОВ ДОСТОИНСТВЕН ДОМ ЗА „ТАНЕЦ“!
На иницијатива на директорот на Н.У. „Танец“, Мартин Вучиќ, на 72. владина седница одржана на 23 јуни 2020 година, беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом на една од најстарите културни институции во државата, обемен елаборат врз кој раководството на „Танец“ работеше интензивно во изминатиот пандемиски период.

Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да предложи соодветно решение до Владата за проблемот со кој се соочува Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“.
Со тоа, конечно, после 7 децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност, се вели во соопштението на Танец!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.