
Вести
Избори 2020
Арбен Таравари, кој е шеф на изборниот штаб од Алијансата за Албанците Арбен денеска во изјава за новинската агенција ИНА најави дека ќе достават десетици приговори до Државната изборна комисија за гласањето во Долнени, Пласница, Битола и во Кичево.

ДУИ на овие избори доби 15 пратеника, Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива 12, коалицискиот партнер на СДСМ – БЕСА пак освоија 4 пратенички места, а ДПА обезбеди едно пратеничко место за нејзиниот лидер Мендух Тачи.
-Имаме чисти случаи на изборен фалсификат кој се случуваше од 19 часот до 21 часот. Токму во тој момент се прави несфатливата разлика во резултатите. Местењето придонесе во Долнени ДУИ да добие 2200 гласа а ние само 200, во Пласница, резулатот е 2000 за нив 100 за нас, што е надвор од умот. Има навистина многу вакви случаи. Ова се случува во Кичево. Разликата е толкава што се коси со здравиот разум. Или на одредени избирачки места во Битола, каде има многу малку или воопшто нема гласачи Албанци а ДУИ има стотици гласови. ‘Силувањето’ на гласовите е практика која ДУИ ја повторува во секој изборен циклус. Тоа е знак за тоа колку сме далеку од демократија, вели Таравари.
Таравари рече дека ако денеска се направи попис, ќе излезе дека има повеќе гласачи на ДУИ отколку луѓе што живеат во одредени места.
За потсетување, на предвремените парламентарни избори 2020 година Алијансата на Албанците освои 12 пратеника.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.