Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21, истакна дека доколку ДУИ дозволи да се отвори барем една гласачка кутија во Зајас, и притоа се утврди дека сите што гласале се живи и се во земјава, во тој случај ќе и ги стават на располагање сите 12 пратеници.
-Нека изберат една гласачка кутија во Зајас, која сакаат тие, нека изберат и нека кажат оваа ја избравме. И нека ја отворат таа кутија. Доколку сите тие кои гласале, се од Зајас, ние за 5 минути, АА и Алтернатива, ќе излеземе и ќе и ја честитаме на ДУИ победата и ќе се извиниме на граѓаните што им досаѓавме и 12-те пратеници ќе и бидат на услуга на ДУИ во следните години – рече Таравари во изјава за ТВ 21.
Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.
Тој претходно во интервју за Слободен Печат истакна дек аневозможно е ДУИ и Алијансата за Албанците да се најдат на едно исто место.
– Мислам дека објаснив, но ќе кажам повторно. Нам не ни се одлика валканите политички игри, пресметки и калкулации. Впрочем, со таквото чисто минато и сегашност сакаме да влеземе во идната влада. И по секоја цена ќе се бориме да го задржиме својот интегритет и доследност кон граѓаните. Во таа смисла, невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на истото место. Не сакаме да создаваме хибрид којшто нема да функционира, ниту, пак, мислиме дека треба да дозволиме нашата партија да се претопи во сојуз со субјектот којшто е целосно дегенериран и чие досегашно дејствување и последици ќе се чувствуваат со генерации. И пак ќе повторам, нашата цена е да учествуваме во развојот на ова општество, а не во неговото уназадување.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.