Видео

Објавил: Калина Мартинска | 11 јуни, 2024 22:56

Таравари би ги разрешил економските директори на клиниките уште првиот ден, според Беќаровски, тие донеле економско лудило

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Стручни директори кои компетентно ќе ја издигнуваат и водат Клиниката, концептот за кој секогаш се залагав е дека мора да се вратиме на стариот систем пред Клинички центар да биде поделен на 32 единици, вели професор Беќаровски за актуелните состојби во здравството денес и можниот излез.

„Дека економските директори донесоа економско лудило по клиникиве. Повеќе не се гледа квалитет, значи вие не може да побарате, неколку пати престојував во Словенија и во Шведска, таму кога се бира апарат, не го бира ниту директор ниту комисија, се носи апаратот го гледаат колегите кажуваат овој апарат е добар овој апарат е лош. Кај нас сакаме да требуваме гастроскоп, одлучува комисија во која што некогаш има доктор некогаш нема доктор, економски директор кој гледа да склучи некој дил со некој за нешто што потоа тотално не одговара“, професор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија.

На прашањето дали верува дека политичките партии навистина ќе имаат сила и капацитет да ги надминат ваквите состојби во здравството, Таравари со став:

„Мислам дека прва задача, првиот ден, било која да биде министер и јас ако бидам, да се разрешат тие економски директори. Во 2017 јас тоа го почнав и ги разрешив 95 % од еконоомските директори и мислам дека не ни треба тој луксуз“, вели професор доктор Арбен Таравари.

Со години сведочиме на ситуација „лет во место“ – младите лекари и партиските вработувања, кои резултираат со заминување на висококвалитетен кадар надвор од земјава. Ситуацијата е повеќе од песимистична и голем дел од колегите најотворено и искрено не гледаат иднина тука, вели Трајковски.

„Дефинитивно платата е условно кажано меѓу третата и четвртата причина која што им е проблем на колегите. Јас би рекол дека најголемиот проблем кој што го имаме се административните потешкотии, неизвесност која што е постојано меѓу нас, дали ќе завршат шестмесечна пракса, која што е предуслов за специјализација, дали по завршување на факултетот навремено ќе добијат диплома за да може да се вработат, дали вработувањето ќе биде со партиско влијание или нема и секако оној дел на дискреционо право на директорите кое го кажавте и кое во ниту еден момент не смее да биде предуслов за вработување“, изјави доктор Бојан Трајковски од Асоцијација на специјализанти и млади лекари.

До назначување на нов министер за здравство лекарите со апел дека проблемот не е само во Клинички центар и како тоа ќе се реши, туку и секундарното здравство кое е целосно атрофирано, градови кои немаат анестезиолог, нема педијатар, болници низ Македонија кои со чест на исклучоци секогаш ги препраќаат пациентите во Скопје во „8 септември“, во Градската Болница и во Државна болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство