Опозицијата

Објавил: Калина Мартинска | 18 јули, 2024 15:08

Таравари: ДУИ се жали зошто Владата ги штеди парите на граѓаните

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Функцијата економски директор е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги „честеше“ своите луѓе. Сега ДУИ и замерува на Владата што ќе ги укине и што штеди пари на граѓаните, а и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, пишува во писмената реакција на министерот за здравство Арбен таравари откако пратениците на Европскиот фронт на прес конференција во Собранието го обвинија дека врши психолошки притисок врз директорите на Клинички центар сами да си дадат оставки.

Од ДУИ реагираат и „плачат“ зошто е укината функцијата економски директор во Министерството за здравство, но треба да знаат дека на оваа партија и требаат две работи, вели министерот Таравари.

„На ДУИ и треба добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што ѝ се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет“, пишува во реакцијата на министерот Таравари.

Во реакција на Таравари на прес-конференцијата на „Европскиот фронт“, се додава дека на ДУИ и требаат две работи – добар адвокатски тим да се брани од обвиненијата што и се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет.

Значи ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ – додава министерот.

„Европски фронт“: Таравари врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат

Во последно време одредени луѓе во Министерството за здравство по налог на министерот Арбен Таравари вршат психолошки и институционален притисок до ниво на закани врз организациските директори, но и медицинските директори на клиниките иако имаат мандат, да се повлечат од функцијата и нивната должност, обвини на денешната прес-конференција пратеничката на „Европскиот фронт“, Рина Ајдари.

Пратеничката истакна дека „Европскиот фронт“ нема да ги поддржат измените на Законот за здравствена заштита.

 Несфатливо е зошто се постапува вака, токму во моментот кога Собранието е во процес на предлагање на измена на Законот за здравствена заштита преку кои се предвидува укинување на организациските директори како посебна категорија. Зошто имаше потреба од сета ова итност да се донесе законот, иако видливо е дека овој предлог-закон содржи неаргументирано образложение, без јавна расправа со организации кои директно и индиректно се фактор во креирањето на здравствени политики како Комората на лекари и Комората на лекари Албанци во Македонија – рече Ајдари.

Според неа, ова јасно ја покажува сликата на нелегитимно компромитирано владејачко раководство со изразени карактеристики на полтронство.

Координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Блерим Беџети истакна дека подготвуваат законско решение за автентично толкување на Охридскиот договор во контекст на „мајскиот договор“, односно формулата правење владина коалиција победник со победник.

Значи во советот на партијата што го имавме ние усвоивме три резолуции, се разбира и говорот на претседателот Ахмети. Секако дека ние ќе изготвуваме решение, бидејќи по вторпат се случува во нашава држава да не се почитува легитимитетот, а имајќи предвид каква е реалноста етничка во оваа држава, тоа би довело, ако дозволиме така, би довело да се нарушат многу постигнувања до сега и точно и прецизно во духот на Рамковниот договор истовремено јавно сме објавиле дека е ангажиран и еден од тие што го изготвиле рамковниот договор. Значи во духот на Рамковниот договор да се прецизира со законско или уставно решение начелото победник со победник, односно партиите, кои го имаат етничкиот легитимитет и не случајно ние имаме политички став како Европски фронт дека оваа влада нема етнички легитимитет, рече Беџети.

Пратеникот Садула Дураки одби да одговори на македонски јазик околу апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата, врз основа на потерница издадена од Србија. Ги упати новинарите сами да го преведат неговиот одговор, бидејќи, како што рече, албанскиот јазик е службен јазик. Тој на албански рече дека новата Влада е маша на Србија.

Оваа Влада што е сега, која за жал ја игра играта на другите и станува маша на другите и маша на Србија и за жал спроведуваат некои работи што можеле елегантно да се поминат и војниците на ОВК слободно да се движат во Република Северна Македонија. Во новата Влада има министер, кој е поддржувач на Путин и министер кој не прифаќа независно Косово, рече Дураки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести