
Живот
Интервју
Поддржуваме премиер Албанец само ако има четири годишен мандат. А сите овие разговори кои траат повеќе од една недела помеѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи веќе постигнале договор, изјави Арбен Таравари во интервју за ТВ21 од коалциијата Алијанса!
Причината зошто Таравари овие преговори ги нарекува театар, е како што вели, СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари.
СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување“, вели Таравари во интервју за ТВ 21.
Потсетува дека ако ДУИ го исполни ова ветување, ќе ја има поддршката на 12-те пратеници на коалицијата Алијанса/Алтернатива, но само доколку како што вели тој премиер има четиригодишен мандат, но не и за друг партиски пазар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.