Дезинформации дека ќе поднесе оставка

Објавил: Калина Мартинска | 24 март, 2025 12:31

Таравари: Утрово се разбудив со 50 пораки со прашања за оставка, останувам министер за здравство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Односите меѓу партнерите во коалицијата се стабилни. Јас сум фокусиран на работата во Министерството за здравство и ќе продолжам да работам и на 1, 2 и на 5 април, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарско прашање, во врска со објавите на дел од медиумите дека тој ќе раководи со ресорот здравство до април.

– Јас утрово се разбудив со 50 пораки, со прашање дали давам оставка. Фокусиран сум на работата во Министерството за здравство. Односите меѓу партнерите во коалицијата се добри, стабилни. Јас продолжувам да ја вршам функцијата министер за здравство и на 1, 2 и на 5 април – рече Таравари.

Како што посочи министерот, фокусиран е на работите кои што се важни за пациентите, како и за добросостојбата на пациентите од Кочани, но и генерално на сите пациенти во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести