Последни информации за зздравствената состојба

Објавил: Калина Мартинска | 21 март, 2025 10:22

Таравари: 10 пациенти ќе бидат пуштени од болница

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерот за здравство, Арбен Тарвари, посочува дека сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, се во стабилна состојба, иако има некои се покритични. Од идната недела, очекува пациенти да се вратат дома.

„Бројката на пациенти кои се лекуваат се 162 пациенти. Добра вест е што денеска 10 од пациентите кои лежат во државава ќе бидат испишани. Вчера имаше три испишани пациенти. 115 пациенти се на лекување надвор од државата. Сите се во стабилна состојба, некои се покритични. Од сите пациенти, освен еден што е во многу сериозна лоша состојба, другите се во сериозна, но ставбилна состојба“, рече Таравари.

Завршени се и токсиколошките анализи, а резултатите покажале дека сите кои се пуштаат дома имаат резултати под референтните вредности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести