Слаѓана Тасева, претседателка на “Транспаренси интернешнал – Македонија”, најавувајќи ја денешната прес конференција за Фени, напиша:
Незаконитост, дрскост и арогантно однесување на вклучените во телата на стечајот, страв кај доверителите, злоупотреба на сиромаштијата на вработените. Ова е поголемо од Скопје 2014. Институциите се заробени, потребен е отпор. Силна јавна реакција. Гледам дека медиумите имаат реклами поради кои не се слободни, но утре ќе биде доцна. -предупредува Тасева.
Тасева неодамна се пожали дека заради Фени добила директни закани од вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Таа претходно објави дека мониторингот за стечајната постапка на Фени покажал бројни неправилности.
Истражувањето покажало дека непозната компанија добила тендер за обработка на никел, но не е познато кој го потпишал договорот во нивно име. Транспаренси ги обвинува стечајниот управник и стечајниот судија за корупција, поради што е покрената и тужба против нив. – објави тогаш Тасева.
Истрагата е покрената по претставка од фирмата “Cunico Resources”, кои тврдат дека Анѓушев вмешал прсти во нелегален бизнис на компанијата.
Претходно Тасева обзнани дека Анѓушев и јавно и упатил закани дека ќе “расчисти” со неа.
Имено вицепремиерот за економски прашања во Владата, Кочо Анѓушев, и се заканил со тужба на Слаѓана Тасева, претседателка на “Транспаренси интернешнал – Македонија”, за објавите во кои го обвинува за оркестрирање на стечајот за “Фени”.
На приемот на британскиот амбасадор, пред сведоци, до неа се приближил вицепремиерот заедно со бодигардот и арогантно и агресивно и се обратил.
Дојде да се поздрави со зборовите “јас сум значи најголемиот криминалец меѓу криминалците, која си ти да го објавуваш моето име? Ќе те викнам на разговор да ти ја објаснам ситуацијата во “Фени”. Ќе одам до крај, ќе те тужам, знаеш ли кој сум јас? Јас сум најмладиот доктор на науки.” – објасни Тасева.
Таа инцидентот вели тогаш не го пријавила во полиција, ниту, пак, има намера да го пријави, но агресивното однесување на вицепремиерот го пријавила кај премиерот.
Го пријавив кај неговиот работодавец, кај премиерот Зоран Заев. Тој ми се извини во негово име. Рече дека бил вознемирен поради тоа што претставките по кои постапуваме доаѓаат од “Кунико”. Извинување од Анѓушев за однесувањето не добив.” – вели Тасева.
“Кунико рисорсис” е компанијата што го направи долгот од над 60 милиони евра во “Фени” и на вработените не им исплаќаше плати.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.