Со плати од 200 до 500 евра, ние овде не сме му дораснати ни на затвор во Германија и Швајцарија.

Објавил: Сара Фемина | 18 септември, 2019 10:08

ТАСЕВСКИ: „Господа дудлачи партиски, со мизерни плати од 200 евра ние сме за голубарник или кочина„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Актерот Сашо Тасевски, на социјалните мрежи ги искоментира ниските, мизерни плати во Република Македонија.

Тасевски напиша дека со плати од 200 до 500 евра, во  Македонија не сме му дораснати ни на затвор во Германија и Швајцарија. Тој вели дека не е чудно зошто заминуваат Македонците во Германија и Швајцарија на печалба!

– Плата на затвореник во германски затвор е 620 евра. Ако те затворат во Швајцарија и садиш патлиџан во затворската еко градина, ќе земаш плата од 800 франци.
Затворска плата. Значи, во затвор си и државата те плаќа 800 франци. Ова се факти господа дудлачи партиски.

Со плати од 200 до 500 евра, ние овде не сме му дораснати ни на затвор во Германија и Швајцарија. Значи сме ќумез, голубарник или кочина, така нешто.
Ете во толкава мизерија живееме 28 години.

И после зошто заминуваат Македонците во Германија и Швајцарија на печалба? Зашто и во затвор ќе им биде подобро од тука. – напиша Тасевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Јанушев ја потсети јавноста дека кај нас ниту еден државен орган не најде за сходно да ги провери плантажите кои во Македонија ги работат бизнис партнерите на кланот на власта.

Јанушев: Никој не се занимава со бизнисот со марихуана на Заеви

На Заев не му одговара закон за јавно обвинителство, меѓудругото, за да може да цвета...