
Македонија
Фејсбук
На својот фејсбук профил, актерот Сашо Тасевски често изнесува оригинални видувања и коментари по повод актуелните состојби во Македонија. Во најновиот фејсбук статус може да се прочита дека Тасевски ги обвинува македонските власти поради тоа што, како што вели „утнале“ во борбата за спречување на ширење на вирусот. Најголемиот пропуст според Тасевски бил направен бидејќи сите патници кои се враќаат од Италија наместо да бидат ставени во карантин и да бидат под будно око на стручен медицински тим, тие биле пуштени дома како што вели, на „пикник“. Освен тоа што даде критика за пропусотот на властите, Тасевски посочи пример од раните осумдесети кога на аеродром „Орли“ слетал авион во кој еден патник имал симптоми на зараза кои во тоа време предизвикувале епидемија.

Кажете ја утнавте со заразата, уште кога од Италија повратници ги пуштавте дома ко на пикник. Ама еве пример, свеж ко марула во декември, ама поучен, колку да видите сериозни држави како работат кога се во опасност.
Раните осумдесети, аеродромот Орли, чудни симптоми слични на бубонска чума кај еден патник од Сенегал, белец, за време на летот. Имало лекар во авионот, кој се посомневал и им јавил на пилотите. Паниката пораснала штом болниот е прегледан по слетувањето, на самиот аеродром.
Веднаш е карантиниран, со сите патници и сите кои биле во допир со внатрешноста на авионот. Се јавуваат симптоми кај копилотот по 10 саати, кој бил во допир со болниот и стјуардеса. Брзо време на инкубација.
Веднаш е ставен во акција планот за епидемиолошка одбрана и изолација на вирусот.
Применета е најдобрата вакцина во мигот, која веднаш го покажала своето антигено дејство.
Затворен е целиот аеродром, сопрени сите летови.
Одредени политичари и авиокомпании вршеле жесток притисок да се олабави карантинот за некои авиони и патници што биле далеку од заразените, патниците и авионот кој ги донел.
Добиле негативен одговор откако го консултирале тимот лекари за тропски болести. Тотален карантин. Вирусот не смее да стигне до Париз. Нема толеранција. Кризата ја решиле на лице место. Еден починат.
Ете така било.
Само анестезираната свест не препознава кога опасноста и е под носот. Таква е нашата. Затоа не не бидува. Се правиме многу паметни, а од носот подалеку не гледаме.
Ова рекација на Тасевски следува по вчерашната објава на Министерството за Здравство дека се утврдени два нови случаи на заболени од корона вирус. Тие допатувале од Италија со автобус на 27.02.2020 заедно со уште 60 други патници. Ризикот дека ќе се откријат уште нови случаи на корона вирусот после овој случај се повеќе расте.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.