Ако Драган Спасов Дац можеше да поднесе оставка, мора да може и пратеникот Павле Богоевски!

Објавил: Данаил Михајловски | 17 мај, 2019 21:35

Тасевски: Павле Богоевски не е обичен граѓанин во Собранието, туку пратеник и мора да понесе одговорност!

Фото/Текст извор: ©магазин

Актерот Сашо Тасевски, кој беше активен учесник во “Шарената револуција“, гостуваше на 24Вести во дебатна емисија поврзана со случајот на признатото сторено кривично дело од страна на пратеникот Павле Богоевски (нелегална набавка на забранета супстанца) и на телевизиската тема “дали треба пратеникот да си поднесе одтавка“ го даде своето критично мислење:

Павле Богоевски во парламентот претставува поголем број на граѓани кои му ја дале довербата, а тие не се сите наркофили, туку секој од тие граѓани има различен светоглед. Павле има кабает во себе бидејќи од тие граѓани нешто криел, криел кој е тој, кои се неговите навики и работи кои што тој навистина ги прави, а за кои сега се правда. На снимката слушнавме дека нешто набавувал, што и да е, но тој не е само Павле Богоевски обичен граѓанин на Република Македонија, туку тој е Павле кој е пратеник на многу граѓани во Собранието и затоа треба да си поднесе одговорност. И затоа сметам дека колегата Драган Спасов Дац беше во право кога објави статус со кој побара Павле Богоевски да си поднесе оставка, бидејќи секој политичар кој е фатен во некои непријатни околности кои се откриле, тоа е тоа, треба да си даде оставка.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов со сомнително минато ?

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов бил отпуштен од странска амбасада поради корупција ?

Поранешен новинар на 1тв со шokaнтно тврдење дека директор на една од главните институции...