Актерот Сашо Тасевски и поранешен директор на Драмски, кој е секогаш гласен со критиките кон власта и овој пат на својот Фејсбук профил упати критики правејќи споредба со опозициската ВМРО која претходно 10 години беше на бласт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 октомври, 2019 10:32

Тасевски распали на Фејсбук- А затвор за мито кога, каде во Европа со такви имбецили?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актерот Сашо Тасевски и поранешен директор на Драмски, кој е секогаш гласен со критиките кон власта и овој пат на својот Фејсбук профил упати критики правејќи споредба со опозициската ВМРО која претходно 10 години беше на власт.

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски

Мала споредба. ВМРО беа опасни. Вие сте идиоти. Вмро ги урнаа оние од Калето, инаку уште ќе беа на власт. Вие сами се уривате. Божем чекате датум и оп, пред одлуката за датумот, нови скандали со ваши функционери фатени во мито, во правење злоупотреби, па тука фрчат оставки, ѓоа еве, веднаш реагираме и чистиме. Каде во Европа со такви имбецили? Каде со тие разузнавачи и кодоши од титово време? Оставка дале. А затвор за мито, кога? Додуша онаа зашеќерената нема ни намера да даде оставка, таа е решена до крај да прета. Она е недопирлива.
Е па крајот ви е тука некаде. Го трчате последниот круг. Ај па утре може пак ќе се очовечите и пак ќе поздравувате познаници на улица. Може пак ќе побарате рака во борбата за власт… Власт? Веќе никогаш нема да дојдете на власт. Никогаш. Ова слободно спелувајте го, за полесно да ви влезе… У меморија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Денеска во Росоман со претставници на бизнис секторот и со вработените во повеќе фирми разговаравме за справувањето со последиците од економската криза предизвикана од коронавирусот!

Филипче му измери температура на Заев: Имам температура 36,5

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче денеска беа во...

На фотографијата се гледа дека Мисајловски и останатите на средбата не ги почитуваат мерките за физичко дистанцирање, ниту пак носат заштитни маски.

(Фото) Мисајловски и Тони Михајловски без маски во кафуле во Куманово

Носителот на листа во ИЕ 2 на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски, со кандидатот за пратеник...

Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!
Да да борбата тука е за воздух!
Умирањето тука не е процес!

Доктор од Инфективна: Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород!

Гоце Марков е медицинско лице од внатрешноста на Македонија, а на својот Фејсбук профил...

ќе остане запишано дека на 15 јули НАРОДОТ што тагува кога ВЛАСТОДРЖЦИТЕ слават се побунил и го урнал режимот на Заев Први Преспански, додава Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова: Македонска Преспанска трагедија

Професорката Гордана Силјановска Давкова по повод две годишнината од Договорот од...