Тато сакаше да го надомести нашето изгубено време!

Објавил: Сара Фемина | 4 јануари, 2022 9:21

Со татко ми плачевме за изгубеното време: Ќерката на Тома Здравковиќ после 30 години ја кажа вистината

Фото/Текст извор: ©магазин

Точно пред 30 години не напушти легендарниот пејач на народна музика Тома Здравковиќ, а неговите најблиски неодамна се собраа на Централните гробишта за да ја одбележат годишнината од смртта!

На гробот на нејзиниот татко се појави неговата ќерка Жаклина Здравковиќ, а покрај неа се појави и четвртата сопруга на Тома, Гордана, како и актерите од филмот „Тома“, меѓу нив и пејачот Ацо Пејовиќ, кој го оживе гласот на Тома во филмот.

Тато сакаше да го надомести нашето изгубено време!

Го паметам како прекрасен човек, романтичен, тврдоглав, емотивен! Кога сакаше да успее, никој не можеше да го спречи! Како со татко имавме изгубено време, требаше да го надоместиме изгубеното време, но за жал почина, изјави Жаклина!

Олгица и Тома се венчаа во 1963 година, а набргу потоа и се разведоа!

Тома имаше две деца, ќерка Жаклина и син Александар. Тома ја доби ќерката Жаклина од бракот со Олгица.

Олгица и Тома се венчаа во 1963 година, а набргу потоа и се разведоа. Жаклина е првото дете на Тома, а денес живее во Холандија.

Таа денес е мајка на две момчиња, а за Србија ја врзуваат сеќавањата на нејзиниот славен татко, иако не доаѓа често.

Најголемиот боем во Југославија, музичарот кој ги има испеано своите најдлабоки емоции, човекот кој важи за легенда, остави голем број песни кои се пеат и се слушаат се до денес.

Тома Здравковиќ бил роден на 20 ноември 1938 година во сиромашно семејство. Една вечер во 1956 година Силвана Арменулиќ, тогаш не многу позната пејачка минувајќи низ лесковачкиот парк забележала дека на една клупа седи младо момче кое што се смрзнувало.

Почнала разговор со него и дознала дека бил дојден на аудиција за пеење, но не поминал, па сега нема пари за автобуска карта за да се врати дома. Великодушна, каква и што била, таа го земала со себе во нејзината соба, го нахранила, а музичарите од оркестарот ги замолила да му најдат некаква работа.

Ова младо момче така почнало да се дружи со нив, а за време на нивните настапи во неколку наврати имал можност да земе и микрофон во рака и да запее. Младото момче се викало Тома Здравковиќ!

Од Лесковац потоа се преселил во Белград каде што цели три години секоја вечер пеел од 8 до 4 часот наутро во кафеаната „Градски подрум“. Врвот на славата, Тома го доживеал во 80-те години, кога здравјето веќе му било сериозно оштетено од алкохол. Пиел до изнемоштеност, игнорирајќи ги советите на лекарите кои го лечеле од рак на црниот дроб.

Тома Здравковиќ се женел дури четири пати.

Речиси сите текстови од своите песни ги има напишано сам, а во нив се зборува за невозвратена љубов и кафеански живот.

„Дал је могуче“, „Бранка“, „Дотак’о сам дно живота“, „Кафана је моја судбина“, „Проклета недеља“… се дел од песните кои се слушаат и ден денес. Во белградскиот хотел „Славија“ во 1969 година, во моменти кога веќе бил пијан, на хартија пијан ги напишал стиховите од песната „Шта че ми живот“ која Силвана Арменулиќ ја направи ѕвезда. Долгот од лесковачкиот парк и го вратил на најубав начин!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Таткото на Новак Ѓоковиќ, побарал од Боба да инвестира 500.000 евра во младиот тенисер, односно неговата идеја била тој да добива по 15% од секој договор кој ќе го склучи Ѓоковиќ, но Боба ја одбил ваквата понуда велејќи дека таквата инвестиција нема смисла.

Боба Живоиновиќ не сакал да инвестира во кариерата на Ѓоковиќ- изгубил многу пари поради таа грешка

Боба Живоиновиќ, сопругот на познатата пејачка Лепа Брена, кој е поранешен српски...