
Македонија
Вести
Косово и Хрватска имаат исти погледи за случувањата во регионот и традиционално партнерство. Ова го изјави косовскиот претседател Хашим Тачи за време на средбата со неговата хрватска колешка, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Како што соопшти кабинетот на Тачи, на состанокот се разговарало за продлабочување на билатералните односи, зголемување на трговската размена, како и за поддршката на евро-атлантските интеграции на Косово.
Тачи истакна дека Косово е благодарно на Хрватска за помошта при изградбата на Косово, јакнењето на демократијата, како и обезбедувањето сигурна иднина на евро-атлантскиот пат, особено кон ЕУ и НАТО.
„За нас, Хрватска, како членка на ЕУ и НАТО и како еден од главните регионални актери, е партнер на Косово во служба на зајакнувањето на стабилноста и мирот во регионот. Делиме исти погледи на случувањата и имаме традиционално партнерство“, рече Тачи.
Двајцата разговараа за евро-атлантската перспектива на Косово и за последната фаза од дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.
Во текот на состанокот во Њујорк, каде што се одржува заседението на Генералното собрание на Обединетите нации, Тачи ќе се состане со претставници на повеќе земји од светот.
Хрватските медиуми, пак, јавија дека Грабар-Китаровиќ го потсетила својот косовски колега на „принципот на Бадентеровата комисија дека границите на територијата на поранешна Југославија треба да останат врежани во камен“.
Беше интересно да се разговара со претседателот на Косово, Тачи, за односите меѓу Белград и Приштина и за темата која се споменува во последно време околу можноста за размена на територии. Тука, ние сме многу внимателни и му ги изнесов нашите аргументи и ставови, како и фактот за принципот на Бадентеровата комисија дека границите на територијата на поранешна Југославија треба да останат врежани во камен, ја пренесоа медиумите во Приштина изјавата на Грабар-Китаровиќ по средбата со Тачи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.