
Свет
Балкан
Претседателот на Косово Хашим Тачи реагираше остро на изјавата на премиерот Рамуш Харадинај дека “идејата за корекција на границите е мртва”.
Тачи побара од него “да ги корегира изјавите и ставовите”, инаку ќе сноси последици.
Премиерот Харадинај им изрази сочувство на тие што заговараат промени на границата со Србија, а претседателот Тачи, кој упорно ја промовира идејата за “корекција на границите”, како решение за споровите меѓу Косово и Србија, порача дека Харадинај може да ја изгуби функцијата премиер ако не се корегира.
Убеден сум дека премиерот има потреба да ги корегира неговите изјави и ставови околу дијалогот, затоа што без дијалог нема атлантска иднина за Косово. – изјави Тачи на прес конференција во Приштина.
Претседателот му порача на премиерот дека “треба да се коригира”, а дека “тие што не се корегираат се сменуваат”.
На крајот на краиштата, нашите позиции не се вечни. Премиерите и претседателите можат да се сменат, тие доаѓаат и заминуваат и секако дека можат да се сменат тие што не се корегираат. – предупреди Тачи.
Косовскиот премиер, како и најголемиот дел од владејачките и опозициските партии и од јавноста во Косово остро се спротивставуваат на идејата на Тачи од самиот почеток.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.