Тачи истакна дека ДУИ всушност се плаши од пописот, бидејќи може да испадне бројот на Албанци да биде под 20%,  а тоа според него би значело дека лошите политики на ДУИ ги натерале Албанците да си заминат од земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 октомври, 2019 19:47

Тачи: ДУИ се плаши од попис бидејќи Албанците може да бидат под 20%

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мендух Тачи, лидерот на албанската ДПА, во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21, зборуваше на актуелни теми меѓу кои беше начната и темата за пописот. 

Мендух Тачи во 1998 година, по парламентарните избори, ДПА влегува во парламентот, и со тоа Тачи како заменик. Во 2006 година неговата партија се приклучува на владината коалиција. Во новоизбраниот парламент Тачи е член на комисијата за одбрана и безбедност. За време на пратеничкиот состав 2008-2012 е претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска. На 23 декември 2016 година поднел оставка од функцијата претседател на ДПА.На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор за предметот „Титаник 2“ на СЈО.

Тачи истакна дека ДУИ всушност се плаши од пописот, бидејќи може да испадне бројот на Албанци да биде под 20%,  а тоа според него би значело дека лошите политики на ДУИ ги натерале Албанците да си заминат од земјата.

-Вие сте приметиле дека кај ДУИ постои еден страв за да не се направи пописот. Можеби не го кажуваат тоа јавно, но по кулоари кажуваат дека постои ризик бројот на Албанци да е паднат под 20%. Ова може да биде вистина, но оваа вистина открива и една друга вистина дека од 2001, 19 или 18 години на политичкото и владеачко дејствување на ДУИ резултира со тотално фијаско. Ако денес се плашиме дека нашиот број ќе биде под 20%, тогаш анализата вели дека Албанците си заминале од тука, Албанците не виделе тука перспектива, Албанците мигрирале и ова е еден многу цврст аргумент, рече Тачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.

ГРУЕВСКИ: Заев е криминоген и неспособен марионетски премиер, со изборите тој бара “сламка за спас”

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот...

Во очи самитот во Брисел, Заев ги предупреди лидерите на земјите членки во ЕУ дека владата ќе падне доколку и овој пат не добиеме датум за преговори.

Заев во 12 часот ќе се обрати до јавноста- ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ ОСТАВКА?

Денеска во 12 часот премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати до јавноста за прв пат...

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Без датумот, половина од потшишаниот Преспански договор не треба да важи

Македонија се истрча и спроведе речиси сè од Преспанскиот договор и тоа пред време,...

Наводно како што пренесува ин7, Спасовски ќе ја предводи владата до претстојните парламентарни избори, кои се очекува да бидат распишани во наредните денови.

Оливер Спасовски седнува на премиерската фотелја?!

На местото на Зоран Заев ќе седне сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски...