Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вчера имал тешка сообраќајна несреќа откако возилото во кое се возел излетало од патот на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот аеродром.
Возилото во кое Тачи бил возен од друг возач од засега неразјаснети причини излетал од патот изутрината.
Според очевидци на инцидентот кои го виделе возилото веднаш по сообраќајката и го препознале Тачи. И претседателот на ДПА која е дел од владеачката коалиција и неговиот возач немале потешки повреди.
ДПА и МВР засега не информираат за инцидентот во кој бил Тачи.
Тачи беше дел од сообраќајка и во 2012 година кога неговото возило настрада кај Гостивар.
*Мендух Тачи е македонски политичар и претседател на Демократската партија на Албанците.
Тачи е роден во Тетово. Со распадот на Југославија во Македонија се интензивираат албанските политички движења.
Прва е формирана Партијата за демократски просперитет (ПДП), во која влегува и Тачи. Но веќе, 1993 година во партиското радикално крило, ја напушта партијата и формира нова политичка сила, кој подоцна беше именувана како Демократската партија на Албанците.
Нивен лидер бил Арбен Џафери, а заменик Мендух Тачи. Во 1998 година, по парламентарните избори, ДПА влегува во парламентот, и со тоа Тачи како заменик.
Во 2006 година неговата партија се приклучува на владината коалиција. Во новоизбраниот парламент Тачи е член на комисијата за одбрана и безбедност. Поседува голем имот во Приштина и тој исто така е еден од главните финансиери на неговата партија.
За време на пратеничкиот состав 2008-2012 е претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска. На 23 декември 2016 година поднел оставка од функцијата претседател на ДПА иако истата сеуште активно ја извршува.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.