Претседателот на Косово Хашим Тачи, со нови провокации, за него природно е да се спојат со Албанија и да имаат ново знаме по обединувањето со Прешевска Долина

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 7:23

Тачи: Крајниот сон е обединување со Албанија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека крајниот сонот на сите е национално обединување со Албанија.

Зарем не е стратешка цел обединувањето со Албанија? Албанците ќе бидат заедно во евро-атланското семејство, во НАТО и ЕУ. – рече Тачи гостувајќи на ТВ “Дукаџини” a пренесе приштиснки “Телеграф”.

Според неговите зборови, идејата за корекција на границите не подразбира размена на територии и нема да разговара за размена, поделба или заедница на извршните надлежности.

Тачи тврди дека европската перспектива на Србија ќе ја принуди да ја прифати неговата идеја за корекција на границите.

Истакна и дека нема проблем ни со промена на државното знаме во случај на обединување со таканаречената Прешевска Долина.

Нема да не мразат ако го промениме. Доколку ги припоиме Прешево, Медвеѓе и Бујановац, ќе го прилагодиме и знамето. – изјави Тачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан