Тој упати и порака до лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека коалицијата СДСМ и Беса ќе победи и во Тетово:

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 март, 2020 7:07

ТАЧИ МУ ПОРАЧА НА ЗАЕВ: Тетово не е Струмица, туку е Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ДПА Мендух Тачи на вчерашната конвенција на кандидатите за пратеници на ДПА за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април му порача на лидерот на СДСМ, Зора Заев дека Тетово не е Струмица, туку е Албанија.

Тачи упати порака до лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека коалицијата СДСМ и Беса ќе победи и во Тетово:

– Тетово не е Струмица, туку е Албанија – рече Тачи.

За носител на Првата изборна единица на конвенцијата е промовиран Ниметула Демири. Поранешниот пратеник Орхан Ибраими е носител во „двојката“. Сами Рушиди е носител во Третата изборна единица, додека „петката“ ќе ја предводи Васфи Доко.

Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласија ставовите околу програмата за предстојните избори.

Тие потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.  СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...