Откако ја презентираа идејата за размена на територии, претседателот на Србија доби поддршка од Путин а претседателот на Косово, очигледно од Доналд Трамп

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 11:04

Тачи на средба со Трамп за корекцијата на границата со Србија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Како што тврдат приштинските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, Тачи и Трамп ќе разговараат за „инцијативата за корекција на границата меѓу Косово и Србија, која САД ја поддржаа“.

„Такво нешто беше сосема очекувано по изјавата на Трамповиот советник за безбедност Џон Болтон од пред некој ден.

На конференција за медиумите во Киев, Болтон кажа дека американската политика е таква што, ако двете страни можат да работат една со друга и да постигнат договор, САД нема да ја отфрлат корекцијата на териториите“, пренесуват медиумите во Приштина.

Трамп и Тачи ќе разговараат и за билатералните односи, како и за случувањата на Западниот Балкан, со посебен акцент на процесот на дијалогот меѓу Белград и Приштина „за постигнување мировен договор“.

Веста одекна низ косовските медиуми а масовно ја пренесуваат и српките.

Со ова се дава нова дипломатска нота на поддршка на идејата на претседателите на Косово и Србија со размена на територии да се постигне мировно решение со кое Србија би задржала витални делови од Косово за сметка на што Косово би добило признавање на државноста од официјален Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести