Претседателот на Косово и основач на ОВК, Хашим Тачи тврди дека имале 12 илјади борци а не 35.000 колку што сега се на листата "ветерани кои уживаат државни пензии и бенефиции"

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 11:40

Тачи: ОВК немаше повеќе од 12 илјади борци

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Косово и еден од основачите и политички лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Хашим Тачи тврди дека оваа воена формација во војната во 1998-99 година немала повеќе од 12 илјади борци.

Тачи изјавата ја даде на Регионалната конференција за борба против корупцијата која денеска се одржува во Приштина.

Немаше повеќе од 12.000 борци на ОВК. Другите се измамници. – рече Тачи, кој ги повика земјите учеснички и меѓународните организации да ги идентификуваат регионалните предизвици во борбата против корупцијата и да преземат конкретни чекори за нивно надминување.

Во Косово е покрената широка дебата, но и истрага од надлежните органи за лажните воени ветерани, затоа што малкумина веруваат дека во војната ОВК имала над 35.000 борци, колку што има на листата на ветерани и кои уживаат државни бенифиции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан