Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите Албанци да ја поддржат и гласаат ДПА како единствена национална партија на Албанците во Република Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 март, 2020 9:06

Тачи без Заев: ДПА сама ќе излезе на претстојните парламентарни избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната седница на партиското централно претседателство што се одржа во Тетово беше одлучено дека ДПА самостојно ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 12ти април.

ДПА сепак, се одлучи за самостоен настап на претстојните парламентарни избори.

– На седницата, претседателот на партијата реферираше за состојбите, се започна дебата по што се донесе одлука. ДПА сама ќе излезе на претстојните парламентарни избори. Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите Албанци да ја поддржат и гласаат ДПА како единствена национална партија на Албанците во Република Македонија – изјави партискиот портпарол Луан Треси.

Партијата на Али Ахмети, ДУИ, ги назначи носителите на листите за парламентарните избори. Според Алсат, во шестата изборна единица ќе настапува лидерот на партијата Али Ахмети.

Во првата изборна единица ДУИ, ќе истрча со поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

Во втората изборна единица носител ќе биде министерот за образование Арбр Адеми. Спикерот Талат Џафери ќе биде носител во петтата изборна единица, додека поранешниот министер за економија Беким Незири, ќе биде носител во третата изборна единица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.