Тој тврди дека доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, тајно ја пренел документацијата во Ватикан со најлоши докази за грозоморните злосторства направени во Јасеновац. Тоа го направил со помош на неговиот соработник, хрватскиот функционер Иван Стив Крајачиќ, а единствен кој дознал за тоа бил Александар Лека Ранковиќ, тогашниот потпретседател на СФРЈ, поради што беше експресно сменет и протеран. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2019 13:43

Тајна чувана од 1966 година: Тито лично ги сокрил доказите за убиените Срби во Јасеновац

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.рс

Некогашниот претседател на претседателството на СФР Југославија, Борисав Јовиќ, повторно во јавноста изнесе шокантни тврдења. Имено Јовиќ открива тајна чувана од 1966. година.

Бројот на жртвите никогаш не е точно утврден. Логорската архива е на два пати уништувана (почетокот на 1943 и април 1945 година). Државната комисија на Хрватска констатирала во извештајот на Меѓународниот воен суд во Нирнберг, дека бројот на жртвите е помеѓу 500.000 и 600.000. За ѕверствата на усташките касапи постои голема документација. Меѓутоа властите во бившата СФРЈ никогаш не дозволиле истата да се истражи, па дури ни во најтајните форми. Најверојатно од страв да не би се избришала одредницата усташ = четник. Жртвите на логорот биле скоро исклучиво Срби, Евреи и Роми,а и значителен број на Македонци.

Тој тврди дека доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, тајно ја пренел документацијата во Ватикан со најлоши докази за грозоморните злосторства направени во Јасеновац. Тоа го направил со помош на неговиот соработник, хрватскиот функционер Иван Стив Крајачиќ, а единствен кој дознал за тоа бил Александар Лека Ранковиќ, тогашниот потпретседател на СФРЈ, поради што беше експресно сменет и протеран. 

Официјалното образложение беше дека тој го прислушкувал и шпионирал Тито, за што речиси  никој не ни поверува.

– Ранковиќ сосема случајно дозна што стори Тито, и тоа од нашиот амбасадор во Светата Столица кој дозна додека беше во Ватикан. Тито беше шокиран што Ранковиќ успеа да ја открие оваа најголема тајна и се посомневал дека тој сигурно го прислушкувал- откри Јовиќ.

Како што открива Јовиќ за српски Телеграф, Ранковиќ на еден прием во Дедиње се соочил со Јосип Броз Тито и му открил што дознал. Со тоа си ја запечатил судбината и политичката кариера. Буквално неколку недели подоцна на прочуениот Брионски пленум Централниот комитет донел одлука Ранковиќ да биде сменет од позицијата потпретседател на државата и бил избркан од партијата.

Јовиќ објаснува дека тој за се што се случувао дознал во 1975. година, кога бил поставен за амбасадор на СФРЈ во Рим. Него како што вели за српски Телеграф, во италијанската престолнина за тоа го известил човек чие име не сака да го открие пред јавноста, кој дознал од поранешниот амбасадор во Ватикан, дека Тито лично наредил отстранување на документи кои директно сведочат за страдањето на Србите во Јасеновц.

Стево Крајашиќ беше присутен на отворањето на мавзолејот посветен на жртвите во Јасеновац на 31 јули 1968 година, две години откако документите за злосторства беа донесени во Ватикан.Кога заврши церемонијата, мислејќи дека микрофонот е исклучен, тој тивко прозборе, обраќајќи им се на српските борци: „Овде малку ве убивме“ Но, микрофоните беа вклучени и дојде до скандал, па по неколку дена тој поднесе оставка.

Човекот кој ми ја даде оваа информација ми рече да бидам многу претпазлив бидејќи тоа е информација која тогаш не смеела да излезе во јавност. Тито без знаење на Ранковиќ, целаата документација за сведочењето за злочинот во Јасеновац ја однел во Ватикан, тврди Јовиќ.

Додава дека Тито сето тоа го правел со помош на тогашниот хрватски функционер Иван Стив Крајачиќ.

– Тито тогаш се запрепасти од фактот дека Ранковиќ воопшто дознал за тоа што го направил, и не можел да открие од каде ја дознал инфрмацијата. Сепак Тито ја постигна целта и тие документи никогаш не беа откриени пред јавноста, вели Јовиќ.

 

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Појасни дека колку двете земји се поблиску до европскиот пат, толку повеќе се дава можност на Грција во рамките на процесот на преговори со Унијата да се справи со проблемите што ги има на билатерално ниво.

Мицотакис: Резултатот од Самитот не е добар ни за Грција!

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за...

За потсетување, Раперот Далибор Андонов Гру (46) загина на 11 септември околу 3:30 кога при кајтбординг паднал во Дунав. Телото на пејачот со чамец на брегот го извадиле неговите пријатели во наутичкиот клуб Земун. Тие повикале Итна помош, меѓутоа, таа само можела да констатира смрт.

40 дена од смрта на Гру: Го прегрна крстот и заплака на цел глас – тажан е сликата на белградските гробишта

Навршија 40 тажни денови откако трагично настрада Далибор Андонов Гру, а сопругата...

Како што дознава српски Блиц, Виолета имала и на главата расекотини и убодни рани, па се претпоставува дека Душан ја сечел и ја забодувал и откако и ги задал смртоносните убоди.

НЕ САКАЛ ДА ЈА ПРИФАТИ РАЗДЕЛБАТА:Душан до СМРТ ја избодел Виолета, па продолжил да ја КАСАПИ и кога го испуштила последниот здив

Душан Петронијевиќ (34) кој ја уби својата девојка Виолета Јосиќ (19) во нејзината куќа...

Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, јас тоа ќе го зграпчам! Јас нема да ве лажам како некои, изјави Александар Вучиќ.

Вучиќ: Америка нема да го промени својот став, нема да ни дадат поделба на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на ветропаркот во Мермер кај...