Повредени се најмалку 180 лица како последица од ударите на тајфунот, а околу 38.000 лица се евакуирани од своите домови, наведува агенцијата Кјодо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 октомври, 2019 10:59

Тајфунот Хагиби однесе 40 животи, исчезнати се 17 лица а над 180 се повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тајфунот Хагиби направи хаос во Јапонија каде бројот на настрадани лица нарасна на 40, додека екипите за пребарување и спасување продолжуваат да трагаат по 17 исчезнати во областите од централниот и источниот дел на земјата.

Повредени се најмалку 180 лица како последица од ударите на тајфунот, а околу 38.000 лица се евакуирани од своите домови, наведува агенцијата Кјодо.

Бројот на настрадани од тајфунот Хагиби во Јапонија нарасна на 40, додека екипите за пребарување и спасување продолжуваат да трагаат по 17 исчезнати во областите од централниот и источниот дел на земјата.

Тајфунот Хагиби на островот донесе рекордни количества дождови, па за само 48 часа се излеаја дури 20 реки, што до сега е невидена појава.

Како што пренесуваат американските медиуми спасувачките екипи ги пребаруваат подрачјата околу надојдените реки и свлечишта во потрага по исчезнати, а властите предупредуваат дека се можни нови врнежи.

Тахфунот Хагиби предизвика големи налети на дожд и силни ветрови во текот на викендот, кога беа поплавени и оштетени повеќе илјади домаќинства, а голем дел од главниот остров остана без струја.

За само 48 часа се излеаја дури 20 реки

Премиерот Шинзо Абе кажа дека владата ќе формира посебен тим за катастрофи.

-Нашиот одговор мора да биде брз и примерен, рече Абе , нагласувајќи дека многу лица се исчзанати, а штетите се големи.

Властите соопштуваат дека 60.000 домови во Токио и околните префектури се уште се без струја, а железницата соопшти дека железничкиот сообраќај е ограничен на градовите Нагано и Токио.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Локалната полиција наведе дека непознати напаѓачи синоќа отвориле оган во пицерија, а според очевидци тие веднаш побегнале со велосипед од местото на инцидентот.

ВООРУЖЕН НАПАД ВО МАЛМЕ: Убиено 15 годишно момче, друго лице се бори за живот!

15-годишно момче е убиено, а уште еден тинејџер е тешко повреден во оружен напад на плоштад...

Ќе го паметиме како некој кој беше омилен во друштвото, ведар и позитивен, спремен да помогне секому и да мотивира, се наведува во соопштението на Математичката гимназија.

СРБИЈА ЖАЛИ: Почина Михајло Спориќ(22) еден од најдобрите млади српски физичари!

Михајло Спориќ, еден од најдобрите млади српски физичари и студент на универзитетот...