За да зборува за тоа мирно денес, ѝ било потребно многу труд и работа на себе.

Објавил: Весна Петровска | 26 септември, 2019 21:39

Тајчи проговори за траумите во младоста – „Бев силувана“!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ѕвездата од 90-тите години Татјана Камерон Тајчи неодамна си ја отвори душата и призна дека била жртва на сексуално насилство во младоста.

Сега таа откри нови детали за трауматското искуство за „Јутарњи лист“.

„Бев на тинејџерка, пред да станам славна ме силуваа, верував дека тоа е моја вина. Поради тоа, не сакав никому да кажам ништо. Мора да создадеме средина во која жената или мажот нема да веруваат дека се виновни кога тоа ќе им се случи“, признала таа

За да зборува за тоа мирно денес, ѝ било потребно многу труд и работа на себе.

„Години на психотерапија, длабока потсвест, ми требаше многу време за да се излекувам“, рече пејачката.

„Како мајка на тројца синови и креативна претприемачка, секојдневно се справувам со многу стрес. Низ животот се справував и со некои навистина големи работи: ги изгубив сопругот и таткото поради ракот, со години се борев со депресијата и анксиозноста, како тинејџерка доживеав сексуално злоставување и се борев повторно да се засакам себеси и да си ја вратам самодовербата“, вели Тајчи.

Откако пред една година сопругот на Тајчи почина од рак, пејачката од Америка се врати да живее во Хрватска. Таа почна свој бизнис и организира луксузни крстарења по хрватското крајбрежје. На своите гости им држи мотивациски говори и предавања, а организира и часови по медитација и јога. На крстарењата што траат по осум дена, гостите на Тајчи посетуваат неколку хрватските градови и имаат можност да пробат далматинска храна и локални пијалаци.

Тајчи го испеа најпознатиот хит на 90-тите Хајде да лудујемо

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Живот

Несреќата се случила во Церово, кај Богетиќ, кога се судриле автобус и патничко возило, по што слетале од патот.

Свети Василије Острошки ја исполни молбата на очајниот татко: Ќерка ми беше во автобусот на смртта и светецот го спаси моето дете!

Утрово во судир на автобусот на компанијата „Глужица“ од Никшиќ и автомобил, загинаа...

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, е човек кој посветува многу внимание на неговата диета и на сопственото здравје.

БИДЕТЕ ЗДРАВИ КАКО ДРЕН: Откриено што појадува Новак Ѓоковиќ- сите можеме да го купиме!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, секој ден јаде суров целер. Најдобриот...

Ако погребот како масовен собир е забранет и се прави под специјални услови, кај нас такви настани нормално се случуваат, нема контрола, дури и се кажува дека болеста се проширила таму.

ПАНОВСКИ: Нема казни за масовните собири, нема контрола и затоа сме на ова дереџе!

Вечерва во „Само вистина“ на Канал 5, гостин беше д-р Никола Пановски! Според Пановски,...