Како што таа пред натпреварот напиша, почетната точка требало да и биде од трговскиот центар Сити Мол до плоштадот Македонија.

Објавил: Весна Петровска | 6 јуни, 2019 15:23

Твитер гори, бара правда: Каде е скопјанката која требаше да трча гола за Вардар?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Твитерџиите бараат правда. Скопјанката со профилно име Ле Моник вети дека ако Вардар победи во Келн ќе трча гола по булеварот Партизански одреди во Скопје.

Како што таа пред натпреварот напиша, почетната точка требаше да и биде од трговскиот центар Сити Мол до плоштадот Македонија.

Вардар победи, но се уште не видовме гола девојка како трча по скопскиот булевар, па поради ова Твитерџиите почнаа да го бараат ветеното од Ле Моник.

Но, профилот на „Твитер“ е угаснат, а од „Ле Моник“ нема ни трага ни глас.

Твитерџиите бараат правда

За потсетување, Вардар дојде во Келн да си го земе тоа што е негово – блескавиот трофеј наменет за европски шампион. Со жар во очите, со големо срце ги збриша и Барселона и Веспрем на Ф4 и ја грабна европската титула.

„Ова е приказна, која да ја бевте напишале, луѓето немаше да ви веруваат“. Оваа реченица на Твитер-профилот на Европската ракометна федерација – ЕХФ, најдобро ги опишува патот и начинот на кој македонскиот ракометен шампион повторно се искачи на тронот на Европа. ЕХФ притоа му се заблагодари на Вардар и за, како што рече, легендарниот настап во Келн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

До сега можеби и не сте знаеле, но шеф Марк де Јонг има македонско потекло. Неговото семејство живеело во Скопје но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.

Вистинска убавица- ќерката на шеф Марк де Јонг ќе ве остави без зборови!

Миленик на публиката кога станува збор за готвењето, со француски шмек. Сигурно погодувате...