Македонија
Вести
Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата првак на светот во лесна категорија со победата со „гушење“ против Дастин Пoрје во Абу Даби, и веднаш доби нов предизвикувач.
Конор Мек Грегор го предизвика на Твитер и му порача: „Организирај го реваншот со мене во Москва“
Нивниот меѓусебен дуел во октомври лани беше проследен со големи скандали и навреди на верска основа од Ирецот, а по борбата Хабиб доби неколкумесечна суспензија бидејќи започна тепачка до тимот на МекГрегор.
Но, Хабиб не падна на провокацијата и по одбраната на титулата порача.
„Сакам да заборавам на оние гомненици со последниот тип (Конор МекГрегор). Јас и Дастин покажавме што е ММА респект, а не зборување гомненици. Имам голема почит кон Дастин, затоа што знам низ што се мина во кариерата.“
Хабиб Нурмагомедов синоќа славеше против Дастин Порие во три рунди одбранувајќи ја УФЦ титулата во лесна категорија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.