Македонија
Вести
Од тв Алфа велат дека станува збор за редовна реорганизација во фирмата.
Според нив заминувањето на 6 те работници е согласно ситематизацијата, со адекватна програма за исплата на сите потребни отпремнини согласно законот и годините на работен стаж кои достигнуваат и до две и половина просечно исплатени плати на секој вработен, со отказни рокови од 30 денови согласно законот, со право на користење на годишни одмори, исплата на к15 и други надоместоци пропишани со законот.
Од Алфа додаваат дека во изминатите две години вработиле триесетина луѓе.
Алфа ТВ е приватна национална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на трети јуни 2008 година во Скопје и во посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од Јуни 2013 Алфа стана национален телевизиски канал. Програмата може да се следи и преку македонските интернет телевизии , како и на официјалниот веб портал на Телевизија Алфа.
Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно 137 луѓе.
Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии во регионот.
Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Базирана е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови.
Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери. Во техничкиот оддел на Алфа телевизија работат 11 монтажери, 12 сниматели, 6 режисери, 6 реализатори, 8 видео миксери и 8 тон мајстори.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.