Македонија
Политика
Лидерот на најголемата опозициска парија, Христијан Мицкоски и актуелниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев, ќе се соочат на ТВ дуел во вторник.
Тие ќе ги спротистават своите ставови и мислења во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија, во 18:30 часот.
И двајцата политички лидери го потврдиле своето присуство.
Според концептот на Канал 5 телевизија, дуелот ќе трае 100 минути, со ограничување на одговорите на прашањата во траење од 2 минути, како и можност за размена на репилики и контрареплики.
Двајцата гости ќе добијат прашања на актуелни теми на кои граѓаните очекуваат одговори, а и самите ќе имаат можност да отворат по една тема.
До сега, двајцата лидери на политичките партии Мицкоски и Заев имаа само едно директно соочување и тоа на Македонската Радио Телевизија !
Според правилата на Канал 5 телевизија, дуелот ќе трае 100 минути, со ограничување на сите одговори на прашањата во траење од 2 минути, како и можност за размени на реплики и контра реплики.
За ТВ дуелот стигна и потврда од ВМРО-ДПМНЕ..
–Ја поздравуваме можноста да се говори за вистината во Република Македонија, за недостатокот на правда, загрозените слободи и права, како и изневерените очекувања од Владата. Ја поздравуваме и одлуката што конечно после две директни прозивки до власта, Заев конечно се одважи и охрабри да прифати директен дуел и разговор за овие теми – стои во одговорот од ВМРО-ДПМНЕ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.